Од лизинг во Македонија нема офадување

Bez autora
Jan 17 2011

Кризата, па рецесијата го намалија бројот на склучени договори за лизинг во 2010 година за 45 проценти во земјава доколку се спореди со претходната година. Ланското работење на македонските лизинг компании го обележа и промената на законската регулатива за увоз на половни возила, како и начинот на пресметување на акцизи, но и општиот пад на побарувачката. Ист тренд на намалување покажува и вредноста на финансираните предмети на лизинг, што во 2010 година се очекува да изнесува околу 28 милиони евра. Износот е значително помал доколку се спореди со 42,5 милиони евра, колку што беше во 2009 година. Ако кон ова се додадат и податоците за 2008 година, кога беа склучени 77 проценти повеќе договори во споредба со 2009 година, со вкупна вредност на финансирани предмети од 52 милиони евра се добива јасна слика за падот на лизинг пазарот во Македонија.

Од лизинг во Македонија нема офадувањеКризата, па рецесијата го намалија бројот на склучени договори за лизинг во 2010 година за 45 проценти во земјава доколку се спореди со претходната година. Ланското работење на македонските лизинг компании го обележа и промената на законската регулатива за увоз на половни возила, како и начинот на пресметување на акцизи, но и општиот пад на побарувачката.

Како што информира Маја Лапе - Трајкова, претседател на Групација за лизинг при Стопанска комора на Македонија, ист тренд на намалување покажува и вредноста на финансираните предмети на лизинг, што во 2010 година се очекува да изнесува околу 28 милиони евра. Износот е значително помал доколку се спореди со 42,5 милиони евра, колку што беше во 2009 година.

- Ако кон ова се додадат и податоците за 2008 година, кога беа склучени 77 проценти повеќе договори во споредба со 2009 година, со вкупна вредност на финансирани предмети од 52 милиони евра се добива јасна слика за падот на лизинг пазарот во Македонија - објаснува Лапе - Трајкова.

Според неа промената на законската регулатива и зголемувањето на старосната граница за увоз на половни возила имаа огромно влијание врз работењето на лизинг компаниите, како во европски рамки, така и во земјава, бидејќи најголем дел од пласманите на лизинг компаниите се однесуваат на возилата и тоа над 60 проценти.

- Со измените во законската регулатива дојде до пореметување на пазарот на нови возила. Вкупната продажба на нови возила се намали за над 30 проценти во споредба со 2009 година, во која пак беше регистриран пад од околу 40 проценти во споредба со претходната година - укажува Лапе - Трајкова

Минатата година забележано е зголемување на увозот на половни возила со старост до 15 години, со што драстично се намали продажбата на нови возила, апсорбирајќи ги слободните парични средства на физичките и правните лица наменети за учество за нов автомобил.

- Резултатот е голем пад на финансирањето преку лизинг - оценува Лапе - Трајкова и дополнува дека во ваква ситуација, овластените продавачи и дистрибутери на возила беа принудени да се борат со увозот на половните автомобили, што придонесе да се намалат цените на новите автомобили.

Ваквите состојби предизвика дополнително негативно влијание врз работењето на лизинг компаниите во рамки на репласманот на одземените и вратените возила од клиентите. Од друга страна, општото ниско ниво на инвестициски активности предизвика намалување и на финансирањето на опрема и машини, така што лизинг компаниите забележаа пад на финансирањето и во овој сегмент.

Лапе - Трајкова потсетува дека лани лизинг пазарот во Македонија доби нови учесници, но истовремено некои пак компании престанаа со работа.

- Пазарот дефинитивно не е во својата детска фаза и може да се смета за релативно развиен, со ограничено присуство на големите регионални финансиски институции - смета Лапе-Трајкова. Според неа, сепак, лимитираноста на пазарот не е многу атрактивна за влез на нови лизинг компании.

Во моментов актуелен е нов тренд на формирање на лизинг компании од страна на продавачите на возила или нивните сопственици, со цел стимулирање на продажбата.

И земјите од регионов го имаат истиот проблем. Во соседна Србија лани за речиси 20 проценти се намалени лизинг договорите, а истовремено намален е и бројот на корисниците на лизинг договорите коишто од јануари до ноември лани достигнал бројка од 11.316 корисници, што пак претставува 18,7 процентно намалување.

Анализите на Централната банка на Србија покажуваат дека граѓаните по основ на лизинг долгови должат помалку за 9 проценти во однос на 2009 година, а тоа е долг од 6,72 милијарди динари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik